Глигор Прличев
Првите години Прличев се родил во Охрид и потекнувал од сиромашно семејство. Уште како мал останал без татко му Ставре, а за фамилијата која се состоела од од три машки и едно девојче се грижеле неговата мајка Марија и неговиот дедо. Бедата на неговото семејство била толку голема што поради немање обувки дедо му на грб го носел до училиште Мајката на Прличев за да го прехрани семејството работела како аргатка по туѓи куќи и од неа ја слушнал поговорката: Работата е здравје и чест. Но, во својата Автобиографија со тага истакнува дека кога ја видел мајка си како го носи тешкиот ќи
↧